Најдобар знак дека доаѓа пролетта, за граѓаните на Кичево последните осу години е цветањето на јапонските цреши, засадени на главната улица во градот. Нивното цветање традиционално се случува покасно, на почетокот на април, но високите температури во текот март, предвреме ги рабудија овие дрвца по потекло од земјата на изгрејсонцето.

Но тоа нималку не ги разочара жителите на овој град, напротив, им овозможи и предвреме да се сладат од убавината што ја нудат расцветаните цреши.

-За нас граѓаните на Кичево најдобар знак дека доаѓа пролетта е цветањето на јапонските цреши што се засадени на главната улица. Поради топлото време во поголемиот дел од март, црешите се разбудија нешто порано отколку што се случуваше во претходните седум години. Во секој случај ние сме презадоволни и во наредните две недели секојдневно ќе уживаме во убавината што ја нудат овие дрвца. Токму тоа е причината, повеќето наши сограѓани во овој период од годината почесто да шетаат во овој дел од градот, и во повеќе наврати да се фотографираат или да направат самослик – истакнаа Перо и Живко, жители на блиската населба, од каде што имаат можност секојдневно да бидат присутни на главната улица и да уживаат во убавината што ја нудат јапонските цреши. З.А.