Со спектакуларниот концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на Хераклеја, синоќа во Битола беше спуштена завесата на годинашниот 49 по ред традиционален фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

За најуспешна фоклорна група на годинешниот фестивал е прогласен ансамблот „Тиквеш“ од Кавадарци.

За најуспешна група, која презентираше староградска музика и игра, е прогласена КУД „Пензионер“ од Прилеп, за најуспешна вокална групна изведба награда доби КУД „Јане Сандански“ од Неготино, за најуспешен изворен оркестар прогласен е ансамблот „Тримери“ од Струмица, додека посебна награда за најуспешна соло вокална изведба награда доби Миливој Миладиновски член на КУД „7-ми Септември“ од Македонски Брод.

Инаку на годинашното 49 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ настапија над 1.000 учесници, членови на културно уметнички друштва, фолклорни групи и ансамбли од три континенти. Според многумина од областа на фолклорот, овој беше еден од најдобро органзираните фестивали досега во Битола.

М.М.