Тетово за првпат ќе биде домаќин на Гимназијада, најголемиот спортски настан за средношколците во Македонија. Единаесеттата по ред Гимназијада свечено ќе биде в петок, а во следните три дена околу 700 ученици од Македонија ќе учествуваат во
натпревари во различни спортски дисциплини.

 – На 11-тата Гимназијада во Тетово ќе учествуваат вкупно 700 ученици и 300 други
гости од градовите низ Македонија кои ќе ги одберат спортските сили и вештини во ракомет, кошарка, футсал и во фудбал. В сабота ќе се играат полуфиналните и финалните натпревари – рече Ахмед Ќазими, раководител на општинскиот сектор за јавни дејности.

На свеченото отворање в петок во 18 часот на градскиот плоштад се очекува
присуство на премиерот Зоран Заев, како и на министри во Владата. Натпреварите ќе се играат од 13 до 17 часот секој ден, до сабота, истовремено во сите училишни спортски сали во општина Тетово.

– Бидејќи Федерацијата на училишни спортови на Република Македонија е членка на
меѓународната федерација, победничките тимови на годинешната Гимназијада ќе
имаат можност и за меѓународен настап понатаму – изјави Мустафа Алиу, заменик-претседател на федерацијата на училишни спортови.

Влезот во спортските објекти за натпреварите од Гимназијадата ќе биде слободен за
сите граѓани.

А.С.