Стравот кај граѓаните од можно смрзнување на цевки или вентили, ги принуди жителите на Кичево, и кога немаат вистинска потреба, да ги отворат славините и да спречат евентуално смрзнување на водоводот. Оваа практика ја спроведуваат голем број на граѓани, особено сопствениците на индивидуални стамбени згради, кои во овие зимски месеци се многу студени.

– Ако во лето зголемената потрошувачка на вода се должи на поголемата посветеност на граѓаните на личната хигиена или полевање на зелените површини и бавчите по дворовите, зголемената зимска потрошувачка на вода е резултат на ниските температури и превенцијата што ја преземаат граѓаните во ноќните часови, кога ги отвораат славините за да не дојде до смрзнување на цевките или вентилите и можни поголеми дефекти. Оваа појава е најмногу присутна во најстудениот период од годината, кога надворешните температури се спуштаат далеку под нулата. И покрај овие проблеми, благодарение на поволната хидролошка состојба имаме стабилно водоснабдување на градот и селата кои се снабдуваат со вода од овој хидроситем – потсети Зенел Јонузи, директор на ЈКП„ Комуналец“. З.А.