Протест на студентите против промената на името на државата се одржа вечерва во Битола.

Неколку стотини студенти, на кои им се приклучија и граѓани на Битола, го искажаа своето незадоволство од можната промена името на државaта, како и претворањето на Република Македонија во двојазична држава.

– Студентите се бунтуваат против прекршувањето на нивните основни човекови права и достоинство преку принудувањето да го сменат своето име и идентитетот. Исто така, студентите се бунтуваат и против незаконското и насилно воведување втор јазик на целата територија на државатa. Да го кренеме нашиот глас против промена на нашето име и идентитет! Никој нема право да ги прекршува нашите човекови права и нашето достоинство и да нè принудува да го смениме нашето име – истакнаа говорниците на протестот.
М.М.