Во иднина нашето настојување ќе биде Националниот парк Пелистер да се финансира од фондови од надвор, а не од сечење и продажба на огревно дрво. На тој начин ќе се
заштити природата и биодиверзитет со која изобилува Пелистер. Ова го истакнува директорот на Националниот парк Пелистер, Осман Шукриу, кој вели дека токму таков проект по неговото доаѓање на функцијата прв чоевк на НП Пелистер бил потпишан.

– Мојата цел е за време на мојот мандат да работиме на проекти од надвор, за да не ги користиме ресурсите од НП, туку да се финансираме од фондови од надвор. Кога дојдов на функцијата директор на НП Пелистер потпишав проект со организација од Германија, кои инсистираат да не финансираат со 100.000 евра годишно, но под услов за таа сума ние да ја намалиме сечата на дрва на Пелистер и на тој начин да се финансираме и да ја
штитиме природата – вели Шукриу. М.М.