Сега салата има и патека што води до карпата за искачување, а просторот се оспособува и за вечерно користење

Крушево

Спортската сала во Крушево полека добива ново партерно уредување. Сега салата има и патека што води до карпата за искачување, а просторот се оспособува за користење и во вечерните часови. Партерното уредување чини 2.004.336 денари, а целиот проект е 500.000 евра.

– Партерното уредување на спортската сала е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од ЕУ, администриран од Светската банка и имплементиран од Канцеларијата на проектот, Канцеларијата на вицепремиерот за економски прашања и Општина Крушево. Целиот проект изнесува 500.000 евра, а вклучува реконструкција на спортска сала, опремување и поставување карпа за искачување, набавка на минибус за превоз на параглајдеристи, поставување сувенирници, изработка на промотивен материјал, посета на саеми за туризам и друго – објаснуваат од Општина Крушево.