Министерството за одбрана во соработка со локалната самоуправа и двете средни училишта во Кичево, ОСУ„ Мирко Милески“ и ОСУ „ Дрита“, денес спроведоа акција за зазеленување на училишниот двор со 85 садници. Во акцијата беа вклучени и војниците од кичевската касарна, кои учествуваа во имплементација на оваа акција.

-Во борба против аерозагадувањето, денес во соработка со Министерството за одбрана, локалната самоуправа, двете средни училишта од градот и касарната, спроведовме акција, во која беа засадени 85 стебла јавори, зелени и сребрени елки. Акцијата се спроведува со цел да имаме почист воздух и помало аерозагадување, а во истата покрај нашиот град се вклучени и Тетово и Скопје. Пред засадување на овие стебла, вработените од ШС „Лопушник“ вчера извршија подготовка на теренот, за непречено да се спроведе денешната акција- рече Милка Сппасека , директор на ОСУ „Мирко Милески “Кичево.

Зоран Антоски