Две лица се тешко повредени откако со машина за сечење дрва удриле во ѕид. Инцидентот се случил синоќа во Прилеп, на улицата „Тризла“.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.М., кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а со повреди се здобил С.С.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.