Просветните работници од кичевските училишта, со лепче со паричка, заедничка прошетка и ручек во природа, го одбележаа денот на сесловенските просветители 24 мај.

-Традиција секоја година денот на сесловенските просветители 24 Мај, да се одбележи со лепче со паричка и заедничка прошетка во природа продолжи и годинава.Така најпрво во црковниот храм „Св. Петар и Павле“ во Кичево, од страна на свештениците беше испеано лепчето со паричка што го подготви минатогодишниот кум. Потоа сите вработени организираме заеднички излет по Радика, на заедничкиот ручек беше послужено лепчето со паричка, а среќниот добитник на паричката, ќе биде кум во наредната година, додека актуелниот кум своите колеги на ручекот ги послужи со благо специјално подготвено за оваа прилика – истакна Валетнина Лазареска од ОУ„ Кузман Јосифоски Питу“ од Кичево.