Со крупни чекори одиме напред во регионот за реализација на проекти за безбедност и размена на искуства. Потврда за ова е регионалното присуство на ИПА од цел регион во Прилеп. Ова меѓу другото го изјави вечерва во Прилеп Александар Јањевиќ од ИПА Суботица, при тоа потенцирајќи дека најголемиот проблем бил справувањето со мигрантите и насилството.

ИПА Прилеп со ИПА Загреб потпишааа договор за полициска соработка. При тоа Робертино Ацески од ИПА Македонија посочи дека ИПА Прилеп е доста активна, а главните цели се реализација на проекти за безбедност и практика и меѓусебно дружење и размена на искуства,како и поголема професионалност на членството.

Ка.М.