фото Зоран Антоски

Денес во Кичево се одржа завршната конференција на проектот „Искористувањето на био масата како обновлив извор на енергија во биоенергетски села и мали заедници“.

На оваа национална конференција што се реализира во рамките на проектот „Биоенергетски села“, зедоа учество претставници на Општина Карпош, Љупчо Димов, Здравко Стефаноски од ЕБРД проект за Регионална програма за енергетска ефикасност на Западен Балкан,од компанијата Рехау ДООЕЛ-Скопје, учествуваше Јован Пљаков, Стефан Поп Дуцев од Ина-енергосистем-Скопје, за алтернативен економски развој на кичевскиот регион можности и предизвици зборуваше Невена Смилеска од Еко Свест, за проектот Био Вил и пристапот на био енергетско село предавање одржа Васил Божикалиев од СДЕВЕС-Скопје. На присутните им се обрати и градоначалникот на Општина Кичево Фатмир Дехари, кој симболично го потпиша договорот за учество во финансирањето на овој проект.

-Кичево и кичевско располагаат со голем потенцијал на био и дрвна маса. Така што во блиска иднина овој биоенергетски потенцијал може да биде од голема полза за затоплување на градот, со што ќе се овозможи да имаме почист град и поголема ефикасност во искористувањето на локалниот енергетски потенцијал. Очекувам овој проект да добие целосна имплементација кон средината на есента, за што во целост ја има и нашата поддршка, а тоа го потврдуваме и со денешната средба-рече во своето обраќање градоначалникот, Фатмир Дехари.

Додека модераторот на денешната конференција Наташа Марковска од СДЕВЕС-Скопје истакна дека Кичево е првиот град во земјава каде што се спроведува овој пилот проект заедно со уште седум градови од пет земји од регионот.

-Овде сум член на тимот на Македонската секција на меѓународниот центар за одржлив развој СДЕВЕС-Скопје.Нашата организација е имплементатор на проектот „БИОВИЛ“ кој што е Хоризонт 2020 проект, во кој има девет европски партнери,Македонија е еден од тие партнери,на седум села кој што ги викаме БИО-Села,во кој што има пилот проекти за искористување на Био маса за енергетски потреби.Во Македонија пилот проект е Кичево„ Био село“, каде што со отпадна био-маса би се затоплувале три училишта и една детска градинка. Целокупниот проект, поточно оваа фаза ќе чини 700 000 евра, а ќе го финансираат Светска банка и дел средства Општина Кичево или можеби тој дел ќе биде на име донација- истакна модераторот на оваа конференција Наташа Марковска од СДЕВЕС-Скопје.

-Се очекува во месец октомври првата фаза од овој проект во Кичево во целост да биде спроведена, и трите училишта и детската градинка да се затоплуваат на дрвен чипс-истакна Лупчо Димов од Карпош Скопје.