Денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски го посети Охрид и на средба со директорот на Подружницата ХЕС Црн Дрим, Сашо Коркут, разговараше за новонастанатата ситуација во Дебар и Центар Жупа по воведувањето на кризната состојба, каде живеат најголемиот дел од вработените во производствениот капацитет на компанијата – ХЕЦ Шпилје.

На средбата беше заклучено дека преземени се сите мерки за справување со ситуацијата кои првенствено имаат за цел заштита на животот на вработените во хидроцентралата, а потоа и имотот на компанијата. АД ЕСМ ќе биде во координација со Владата на Македонија со цел што полесно и побрзо справување со предизвиците. 

Во изјава за медиумите, генералниот директор ги отфрли и обвинувањата за
загрозување на природните ресурси што АД ЕСМ ги користи при производството на електрична енергија во југо – западниот регион од државата.

– Сакаме да ја информираме целокупната јавност дека состојбата со
вода во акумулациите е стабилна! Нема проблеми во процесот на
производство на електрична енергија, ниту со снабдувањето со вода за пиење
и наводување, ниту во живиот свет. Напротив, расте нивото на акумулациитекаде АД Електрани на Северна Македонија има производни капацитети или користи дел од водата од истекот на природните езера. Охридско езеро е во моментов е на ниво 693.51 мнв. Додека минималната кота е 693.10 Дебарското езеро е на ниво 572.30 метри, а минималната кота е 560 метри. Мавровското езеро 1211.85 метри а минималната кота е 1207. Козјак за кој особено се ширеа лажни слики или слики само од крајбрежјето е 444.85 метри, додека минималната кота таму е 435 метри – истакна во изјава за медиумите првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Тој додава дека во текот на овие две недели, некои субјекти ја вознемируваа јавноста дека нивоата на акумулациите паѓаат и се сушат, нивоата напротив, само растеа.

– Од 1 до 14 март нивото на Мавровско езеро е зголемено за 85 см., нивото на Дебарско езеро (ХЕЦ Шпилје) е зголемено за 1,55 метри, Охридско Езеро за 15см., Тиквешко езеро 1,06 метри, Козјак 2 метри, акумулација Св. Петка 11см. Единствено акумулација Глобочица секој ден покажува различни флуктуации, кои зависат од
дневниот истек на вода од Охридското Езеро преку Црн Дрим.

Ковачевски вели дека намерно се создава паника и лажна слика за акумулациите, иако слична или дури и полоша состојба имало и во 2017, 2015, 2012 или 2008 година.

– Ние во секој случај континуирано ја следиме состојбата и произведуваме помалку од хидроелектраните од тоа што сме го планирале, некаде околу 70% проценти од планот, бидејќи пред се сме одговорни и сме свесни за значењето на природните ресурси во секоја сфера, не само за производството на електрична енергија – изјави Ковачевски      M.M