Поради градежни работи на регионалниот пат од село Крклино до Битола сообраќајот на овој патен правец во наредните 30 дена ќе се одвива по една коловозна лента.

На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Претходно, јавното претпријатие „Македонија пат“ информираше дека и регионалниот пат од село Теово до Богомила во наредните 30 дена ќе биде во прекин секој ден во периодот од 10 до 14 часот поради асфалтирање.