Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум степени, а дневната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе достигне до шест, а дневната температура до 27 степени.

УВ индексот 7.

Продолжува периодот на стабилно и топло време со пораст на дневните температури. Од вторник до петок во попладневните часови ќе има делумно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд, но во поголемиот дел од земјата и понатаму ќе се задржи суво време.