Советот на општината Битола, по речиси пет месеци, се откажа од одржување онлајн-седници преку апликацијата Зум и одлучи седниците да ги држи во живо, со почитување на сите здравствени протоколи, односно со носење заштитни маски, седење на дистанца и дезинфекција на рацете.

На денешната прва таква седница на дневен ред се најдоа завршните сметки и извештаите на јавните комунални претпријатија, како и претпријатијата чиј основач е општина Битола.

На денешната седница беше верифициран мандатот на новиот член на Советот од ВМРО-ДПМНЕ Емилија Јошевска, која дојде на местото на Олга Лозановска, која пак, во меѓувреме стана пратеничка. М.М.