Врнежи од снег со послаб интензитет има во Скопје, Петровец, граничен премин Табановце, на Попова Шапка, Павлешенци и на планинскиот превој Ѓавато.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.

– Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица. Се уште е во сила забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга, информира Автомото сојузот на Македонија.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.