Во хидроелектраната „Глобочица“ – ХЕЦ Црн Дрим деновиве се одвива голем зафат на целосна замена на предтурбинските пеперуткасти затворачи заедно со куќиштето. Во доцните 90-ти години правени се замени само на вентилите, по што искуството покажало дека проблемите се повторуваат по одреден временски период.

Од тие причини, раководството на АД ЕСМ одлучи да направи поголема инвестиција од вкупно 60 милиони денари, која предвидува целосна замена на вентилите заедно со куќиштата, а со што ќе се обезбеди беспрекорно отворање и затворање на затворачите во

услови на мирна вода, при работа, а по потреба и хавариско затворање, исто така намалување на загуба на вода и дополнителна доверливост за други операции. За каков зафат се работи најдобра потврда е што поединечната тежина на вентилите изнесува 11 тона, а за чие поместување се користи 100-тонска дигалка.

М.М.