Врнежи од снег со слаб интензитет вечерва има на Попова Шапка, но засега тие не претставуваат проблем за сообраќајот, информира јавното претпријатие „Македонија пат“.

На патиштата во западните делови од државата сообраќајот се одвива по влажни коловози, а во останатите делови по местимично влажни колозови.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисурите и усеците можна е појава на поситни одрони.