Невремето со дожд и силен ветер што го зафати реонот на Општина Ранковце попладнево, предизвика штети и прекини во напојувањето со електрична енергија.

Најпогодени биле селата Гиновци, Петралица и делови од Одрено, како што информира градоначалникот на Ранковце Ивица Тошевски.

Биле забележани паднати дрвја на и покрај патот, однесени ќерамиди и дел од покривните конструкции, како и искинати телефонски и кабли за интернет и за струја.

Штетите кои се настанати на земјоделските култури допрва ќе се утврдуваат.

Биле преземени активности за расчистување на теренот.