Фото: Васка М. Младеновска

Пред само неколку минути Битола ја зафати силно невреме, проследено со врнежи од пороен дожд и град.

Невремето, кое сè уште трае, предизвика големи поплави по битолските улици.

Тоа што најмногу ги загрижува битолчани во моментов е што цело време додека врнеше силен дожд падна и град, кој ќе предизвика доста големи штети по земјоделските култури. М.М.