По алармантната состојба ќе се исчисти тињата од горниот брег кон Охридско Езеро

Охрид

Општина Охрид деновиве ги интензивира активностите за расчистување и за уредување на просторот наменет за сидрење на пловните возила, кој неодамна со одлука на Советот, Општина Охрид го презеде на привремено владение.

– По алармантната ситуација што беше затекната со преземањето на локацијата во делот на заштита на Охридско Езеро и досегашниот третман кон него, ЈП „Билјанини Извори“ достави барање до јавната научна установа Хидробиолошки завод – Охрид, за итно уредување. Добиено е позитивно мислење за да се изврши чистење на тињата од горниот брег кон Охридско Езеро во должина по целата страна од 20 метри и ширина од брегот кон трските од пет метри – појаснуваат од Општина Охрид.

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ ги интензивира активностите за поскоро уредување на овој простор.