Кој ќе фрли ѓубре на исчистената локација ќе биде казнет

Ново Село

Општина Ново Село започна со чистење голема дива депонија во населеното место Колешино. Ова се само дел од низата активности што ги презема општината за чистење на дивите депонии, кои се создадени од неодговорното однесување на некои граѓани. Целта на ваквите зафати е ублажување на загадувањето на животната средина.
– Најпрвин е расчистен теренот околу депонијата и понатаму се забранува фрлање на каков било друг отпад освен растителен, меѓутоа само во дупката на депонијата што е означена на самата локација. Сите оние што нема да ги почитуваат насоките ќе бидат соодветно санкционирани, а постојана контрола на локацијата ќе вршат комуналните редари. Теренот ќе се снима и со веќе поставената камера- децидни се надлежните од Ново Село.
Тие во наредниве денови најавуваат чистење диви депонии и во другите делови на територијата на општината.