Општина Богданци склучи договорот за реконструкција на пет улици во населеното место Селемли. Станува збор за реконструкција на улиците Маршал Тито, ЈНА, Илинденска, Солунска и Гоце Делчев со вкупна должина од 992 метри.

– Вредноста на склучениот договор со ДДВ изнесува 11.958.391 денари, од кои 8.418.880 денари се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во согласност со Решението за одобрување барање за финансиска поддршка. Остатокот од средствата во износ од 3.539.511 денари се обезбедени од општинскиот буџет – информираат надлежните од Богданци.
Во согласност со спроведената постапка за јавна набавка, изведувач на градежните активности е фирмата „Жикол“ ДООЕЛ Струмица.