ГЕВГЕЛИЈА

Во тек се постапките за изградба на магистралниот гасовод од Неготино до Гевгелија и поврзување со соседна Грција. Како што најави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при неодамнешната работна посета на Гевгелија, до средина на оваа година ќе биде извадено одобрение за градење, а до крајот на годината, можеби и порано, ќе се распише тендер за изградба на магистралниот гасовод од Неготино до Гевгелија.
– Проектот е готов, за него има одобрение од Министерство за животна средина и заедно со Национални енергетски ресурси се работи за побрза изградба на оваа магистрална делница. Со изградбата на гасоводот во должина од 68 километри ќе се направи чекорот за поврзување со интерконекторот со Грција – информираат во Општината.
Во завршна фаза се и магистралните делници Скопје – Тетово – Гостивар, како и Битола – Неготино.