Фото: Емил Јовановиќ

Во централното градско подрачје, низ улиците во Охрид, се отстрануваат билбордите, само неколку дена откако беа отстранети палмите. Според препораките на УНЕСКО билбордите треба да се заменат со постери во мала големина.

Овој чин во согласност со забелешките наведени во Извештајот на УНЕСКО, кој треба да биде разгледан на 43-та сесија на Комитетот за културно наследство што ќе се одржи наредниот месец во Баку.

На 137-мата редовна седница, Владата на Република Северна Македонија го утврди Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, и донесе одлука тој да биде доставен на усвојување во Собранието.

До донесување на Планот времено се прекинуваат постапките за издавање одобрение за градење и постапките за вклопување на бесправно изградени објекти и времено се прекинуваат постапките за изработување и донесување на урбанистички планови, урбанистичко – плански и урбанистичко – проектни документации, како и постапувањето по донесените урбанистички планови, урбанистичко – плански и урбанистичко – проектни документации.