Почна обновувањето на електричната мрежа од јавното осветлување во градскиот парк во Кавадарци.

Како што соопштуваат од Службата за односи со јавноста при општината, во наредниот период ќе се работи на целосна обнова на подземната електрична мрежа и тоа на потегот од влезот во паркот пред „Бриони“, се до платото на Спомен костурницата.

– Со завршувањето на работите, патеките во паркот ќе бидат целосно осветлени, а паркот освен дење, ќе биде достапен за граѓаните и во ноќните часови – нагласуваат од прес-службата при локалната самоуправа.