Во Општина Кичево се подолг е списокот на селски водоводи и крајпатни чешми, каде што последните мостри потврдуваат дека водата бактериолошки е неисправна за пиење.

Така од Центарот за јавно здравје информираа дека последните наоди потврдуваат за неисправноста на водата за пиење во селата Зајаз, ПОУ Р.Р. Зајази, селска чешма во Колибари и селските водоводи во Вранештица, Староец и Атишта.

Бидејќи водата во овие села бактериолошки е неисправна за пиење, се апелира до жителите, да не ја користат водата за пиење и за приготвување храна, без претходно превривање. Жителите да се придржуваат кон овие упатства се до добивање на исправни мостри. Една од причините за неисправност на водата се чини е и долготрајната суша во земјава, што го потврдуваат претходните испитувања. З.А.