Велес

Општина Велес и натаму продолжува со активностите за дезинфицирање на јавните површини во градот, како една од мерките во спречувањето на ширењето на пандемијата на коронавирусот. Покрај јавните површини, се дезинфицираа и колективните објекти за домување.
– Вчера се дезинфицираа станбените колективни згради, но се вршеше дезинфекција и на главните и на споредните улици. Покрај рачното дезинфицирање пред и во влезовите на станбените колективни згради, со механизација се дезинфицираат патеките на јавните површини, а потоа и улиците во Велес. Со ваквите активности продолжуваме со несмален интензитет – велат од Општина Велес.