Забрзано се одвиваат градежните зафати на проектот за изградба на фекална канализација во селото Норово. Проектот чини 10.972.424 денари и се очекува да биде завршен во првата половина од 2020 година. Имплементиран е од страна на општината Крушево и Министерството за транспорт и врски со средства од Европската инвестициска банка.

Градоначалникот на општината Крушево, Томе Христоски, вели дека активностите за изградба на фекална канализација во Норово се во напредна фаза.
– Продолжуваме со активностите и во градот и во населените места. Со години во овие села не се градело ништо и беше поим да се имплементира толку голем проект. Но нема да застанеме тука, имаме и работиме на проекти, кои ќе продолжиме да ги имплементираме и со тоа ќе ги решаваме проблемите – најавува градоначалникот Христоски.