Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве интензивно работат на изградба на крак од одводна канализација во населеното место Град. Како што истакнува директорот на ЈКП „Брегалница“, Стојче Стојковски, изградбата на одводната канализација ќе се реализира во фази, а во првата фаза е предвидена инсталација на профили фи-250 во должина од 100 метри.

Интервенцијата во селото Град е во согласност со програмата на општината Делчево и на ЈКП „Брегалница“ и е по барање од жителите на селото, со што се решава голем проблем поврзан со отпадните води и со чистата животна средина.