Со поддршка на Општина Охрид, деновиве се уредуваат основните училишта „Кочо Рацин“ и „Григор Прличев“. Во училиштата се варосуваат ѕидовите во училниците и во кабинетите, се фарбаат надворешните ѕидови и естетско се уредуваат училниците. Откако ќе заврши уредувањето во овие два објекта, ќе се уредуваат и другите основи и средни училишта во Охрид.

Активностите ќе завршат пред почетокот на новата учебна година, за која годинава е неизвесно кога точно ќе започне, но тоа со сигурност нема да биде 1 септември како секоја година. Надлежните уште не одлучиле кои ученици ќе мораат на училиште, а сѐ погласни се најавите дека со физичко присуство во училница ќе мора да одат сите основци од прво до трето одделение во државата, а другите ќе учат онлајн од дома.