ОХРИД

Деновиве започнаа активности за асфалтирање крак од улицата Славеј Планина од пресекот со улицата Јане Сандански до пресекот со улицата Партизанска во градот Охрид. Претходно на овој дел од улицата беше извршена промена на канализациската мрежа. Во исто време е завршено асфалтирањето на три краци на улицата Питу Гули.
– Градежните активности се дел од годишниот план за санација на уличната мрежа и асфалтирањето тесни улички на подрачјето на општината, во рамките на Програмата за уредување на градежно земјиште – информираат во Општината.
Асфалтирањето улични краци ќе продолжи и во текот на наредниот период на уште неколку локации во градот и другите населени места.