Селектирањето на стаклениот амабалажен отпад е во пораст. Над 140 тони стаклен отпад биле собрани за еден месец од контејнерите за селектиран отпад во државава. Над 50 проценти од овие количини се собрани од угостителски објекти.

Од компанијата Пакомак информираат дека според податоците за навиките за селекција на стаклена амбалажа од година во година покажува значаен пораст и даваат одлични резултати. Во Македонија на годишно ниво се генерираат околу 100.000 тони отпад од пакување од кои околу 18 отсто е стакло како неповратна амбалажа односно 18.000 тони.

Пакомак преку својата собирачка мрежа собира над 20.000 тони отпад од пакување годишно. Над 50 проценти од овие количини, Пакомак директно ги собира со 20-тина комунални претпријатија низ земјава, но и преку воспоставена мрежа за селекција на отпадот во компаниите-членки на Пакомак, угостителските објекти, училиштата и дел од институциите.