За првпат во Кичево се организира Саем на книгата, на кој зедоа учество дванаесет издавачки куќи од земјава. Саемот го организираа Општина Кичево, градската библиотека „Кочо Рацин“ и неколку издавачки куќи. Посетеноста на саемот е во рамките на очекувањата, но се прават обиди преку нови форми на промоција, книгата да се доближи до младите, со што ќе се зголеми и бројот на читатели.

– За првпат во Кичево организиравме Саем на книгата, на кој зедоа учество дванаесет издавачки куќи. Посетеноста на саемот од страна на граѓаните е во рамките на очекувањата. За да ги привлечеме, пред се младите, вршиме презентации и нови форми на комуникација и доближување до книгата, како би придонеле тие да покажат поголем интерес, а не само да вршиме статична понуда на издадените дела, што порано беше редовна појава. На саемот се застапени книги од сите жанрови и за сечиј вкус – истакна Фјола Златку од издавачката куќа „Нов Акропол“, една од организаторите на овој саем.

Таа најави дека вакви саеми ќе се организираат и во други поголеми градови во земјава. Саемот за отворен го прогласи Фатмир Дехари, градоначалник на Општина Кичево.