Годишнината од формирањето на Регионалниот центар за управување со кризи Кичево, беше одбележана и со традиционалната крводарителна акција, која денес се спроведе по шести пат. На оваа крводарителна акција, својата рака за да подарат дел од најдрагоцената течност, ја подадоа 10 лица.

– Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, Црвениот крст и РЦУК Кичево, денес по шести пат организиравме традиционална крводарителна акција. При денешната акција се собрани десет единици крв и каде покрај малубројните вработени од центарот, се вклучија и доброволни дарители од други институции од градот. Хуманоста нема цена и ќе бидеме среќни ако и на овој начин спасиме нечиј живот. Бројот на крводарители ќе беше и поголем, но група доброволци поради слабокрвност не можеа да подарат дел од својата драгоцена течност. Инаку, нашиот центар, крводарителна акција спроведува еднаш годишно и тоа во текот на есента – истакна Сузана Тасеска, раководител на РЦУК Кичево. З.А.