Рушење ѕид на локација предвидена за улица во населбата Питарница од општина Гостивар беше објавено како почеток на борба против дивоградбите. Градоначалникот Арбен Таравари беше на една локација каде инвеститори кои без соодветна дозвола почнале да градат објект, сами ја рушеа градбата, оти увиделе дека ако тоа го направи општината, ќе ги чини повеќе пари.

– Огромен е бројот на бесправно изградени објекти во Гостивар. Ние сакаме да покажеме дека сме спремни за се рушат објекти, згради и ѕидови кои пречат – рече Таравари.

Тој тврди дека нема да има селективност и се надева на соработка на општинската и
граѓаните во намерата да се воведе ред со дивите градби.

– Секогаш ги молиме сопствениците самите да го рушуваат објекти за полесно да оди процесот. Ние имаме фирма која победи на тендер , а полицијата исто така ја пофалувам што одговара на барањата за нашите акции – рече Таравари.

И тетовската градоначалничка тврди дека ќе се работи на рушење на дивоградбите. Како такво рушење таа го окарактеризира остранувањето на куќа предмет на експропријација на булеварот Илинденска за пробивање по ширина.

– Ние имаме избрано фирма за која ќе реализира рушење на бесправно изградени
објекти. Таква беше реализацијата на булевар Илинденска кој една деценија беше
затворен. Исто така е отстранет киоск поставен кај стар камен мост кај болницата. Во
процедура сме за повеќе други објекти а најголем приоритет ни е јавната површина,
но следење и на други објекти кои не се законски изградени – изјави Теута Арифи.

Општина Гостивар соопшти дека тендерот за рушење на дивоградби е во вредност од
2 милиони денари. Засега е предвидено да се отстранат пет до шест бесправни градби
за кои веќе има решенија за рушење. А.С.