Рубин Абрашоски е новиот вршител на должност директор на ЈКП „Комуналец“ во Прилеп. Градоначалникот Борче Јовчески, го назначи Абрашоски, бидејќи е докажан професионалец, кој изминативе 16 години работи во фирмата.

Абрашоски е земјоделски инженер и досега ги извршува работните задачи како раководител на Одделението за хортикултура. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Сашо Велески, кој поднесе оставка од функцијата. Ка.М.