Ромското знаме се развиори пред Општина Кичево

Во организација на ромската младина „Бела Кула“ од Кичево, за Меѓународниот ден на Ромите 8 април, ромското знаме по втор пат се разиори пред општинската зграда во Кичево, на кој чин присуствуваа голем број членови на оваа организација, како и претставници на локалната самоуправа.

-По втор пат нашето знаме се развиори на јарболот пред Општина Кичево, за Светскиот ден на ромите 8 април. И на овој начин покажуваме дека сме рамноправни граѓани на оваа земја и дел од ова општество- истакнаа од организацијата на ромска младина од Кичево, кои изразија голема благодарност до општината и градоначалникот Дехари, што и на овој начин можат да го одбележат големиот празник.

Покрај овој настан, во населбата Бела Кула е подготвена културно уметничка програма со познати солисти и групи од градот, со присуство на жители од населбата и многу гости од градот и соседните општини.

Зоран Антоски