Фото: Васка М. Младеновска

Првиот ден во Новата 2019 година во Битола се родија три машки бебиња. Првото бебе се роди 20 минути по полноќ. Среќната мајка е Александра Максимовска од Битола, која на свет донесе машко бебе, тешко 3.255 грама, а долго 49 см.

Останатите две бебиња се родија со царски рез. Едното бебе е од Кичево, а другото од Битола. Тие на свет дојдоа во 10.05 и 11.10 часот денеска претпладне.

На сите среќни мајки градоначалничката на Битола, Наташа Петровска им подари букети свежи цвекиња и парични средства.

Инаку новогодишната ноќ, според портпаролката на Клиничката болница во Битола помина мирно, а во Ургентното одделение лекарска помош побарале само четворица битолчани, тројца заради прекумерно користење алкохол, а еден заради повреда во тепачка.

М.М.