Отстранет е дефектот на водоводната линија поради кој Делчево и дел од околните места вчера останаа без вода за пиење.

Како што информираа од комуналното претпријатие во Делчево по лоцирањето на проблемот со теренска интервенција на главната доводна цевка која минува низ село Тработивиште отстранети се сите понатамошни проблеми кои го попречуваа доводот на вода во Делчево.

– Наша екипа со теренско возило и 10 вработени активно се вклучи во санирање на дефектот кој се појави кај една од главните доводни цевки во село Тработивиште. Интервенцијата траеше неколку часа, но истата беше успешна со што водоснабдувањето во овој момент во Делчево и населените места се одвива непречено, информира директорот на претпријатието Стојче Стојковски.
 
Како што додаде Стојковски, поради дефектот во раните утрински часови водата се хлорира со цел избегнување на било каква појава на загаденост на водата.