Љубителите на копаничарството денес во 18 часот во музеј-галеријата во Кавадарци ќе имаат ретката можност да ги видат делата на осуммина копаничари, насловена како 67. Меѓународна изложба на копаничари, чиј куратор е Томе Крстевски.
Ќе бидат изложени дела на Митко и Лилјана Василеви од Неготино, Горан Бошковски од Велес, Велимир Крстевски и Владо Велјановски од Кичево, Трајче Трајковски од Гевгелија , Горан Стојановски од Крагуевац и Саша Тодоровиќ – Токи исто така од Крагуевац, Србија.


Авторите на изложените дела се дел од Здружението на копаничарите на Македонија кои со својата дарба, љубов и посветеност, меѓу другото, ја негуваат и развиваат на македонската традиционална уметност.


Оваа здружение е основано во 1993 година со широка активност на организирање на колонии и изложби каде се изработуваат и претставуваат со свои уметнички дела со најразлични мотиви и во сите копаничарски техники на изработка. Здружението има интенција да се пополни празнината во едукација на копаничарскиот кадар со размена на копаничарски искуства и пренесување на знаењето од постарите копаничари на помладите, токму на тие копаничарски колонии.


-Преку организирањето на изложбите се постигнува поголема афирмација на копаничарите, како од Македонија, така и од други држави, со што изложбата добива меѓународен карактер – вели Крстевски, виш кустос и куратор на изложбата.
Од музеј-галеријата информираат дека заради пандемијата на ковид-19 ќе биде избегнато класичното отворање на изложбата .