Меѓу бројните инфраструктурни зафати, кои локалната самоуправа на Битола ги прави во последно време, денеска почнаа градежните работи за целосна реконструкција на улицата „Партизанска“.

Станува збор за улица во должина од 730 метри, која се поврзува со крстосницата на улицата „Методија Андонов Ченто“, кај Нова Битола.

Вкупната инвестиција за оваа реконструкција изнесува 581.000 евра, средства кои се обезбедени од Министерството за транспорт и врски. Покрај овие средства општината Битола за оваа реконструкција вложува сопствени средства во износ од 350.000 евра, кои ќе бидат искористени за изградба на канализациона и водоводна мрежа.

– Улицата беше во очајна состојба. Санацијата ќе даде поинаква слика. Со ова се потврдува дека сите проекти што во изминатиот период ги изготвувавме со целокупна проектна документација го гледаат светлото на денот. Се случуваат низа градежни активности што покажуваат максимална искористеност на градежната сезона. Овие градежни активности го потврдуваат она што го кажувавме, како треба домаќински да се работи со парите од општинскиот буџет – рече градоначалничката на Битола, Наташа
Петровска. М.М.