КУМАНОВО

Градоначалникот на Општина Куманово, Димитриевски, одржа работна средба со претставници од Министерството за образование и наука. Целта на средбата е потпишување договор за реконструкција на општинските основни училишта „Вук Караџиќ“ и „Христијан Карпош“, помеѓу МОН и споменатите училишта. Во рамките на проектот „145 спортски сали“, во ООУ „Вук Караџиќ“ ќе се работи на замена на столаријата, реконструкција на санитариите и пристапна рампа за лица со попреченост. Додека во ООУ „Христијан Карпош“ ќе се извршат реконструкција на покривот, санитариите и подовите и замена на внатрешната и надворешната столарија.