Meѓу бројните инфратсруктурни зафати, кои во последно време ги изведува локалната самоуправа во Битола, деновиве почна изведбата на мешовитата канализациона мрежа на ул. „16-та“ во Битола.
Изведбата на оваа активност ќе ја чини општината Битола 6,7 милиони денари.
– Според проектот, по завршувањето на изведбата на мешовитата канализациона мрежа, за ул. „16-та“ е предвидено поплочување на постоечките улици со бехатон плочки, како прва фаза до реализацијата на деталниот урбанистички план – велат од општината Битола.
М.М.