Започна реконструкцијата на атмосферската канализација во вкупна должина
од 317 метри и тоа од раскрсницата во центарот на Кавадарци на улицата „Тиквешко востание“ се до раскрсницата кај улиците „Ресавска“ и Ќиро Крстев“. Целата рекоснструкција Општина Кавадарци ја реализира преку оперативата на ЈП „Комуналец“, а има за цел обезбедување оефикасно одводнување на центарот на градот од атмосферски води.

Според проектот ќе биде извршена промена на цевките со два профила и тоа во должина од 104 метри. Цевките ќе бидат заменети со нови цевки со дијаметар Ф-500мм а 213 метри со цевки Ф-400мм.

Во насока на регулирање на атмосферските води напоредно се работи на проектот
спојување на улиците „Страшо Пинџур“ и „4 Мај“ кај „Желков дол“ каде е оформена пешачка патека. Деновиве се работи на шалување на пристапните скали на улицата „Сташо Пинџур“ каде што претходно во бетонираното корито на долот беа поставени цевки со профил Ф-600мм како и шахта за зафаќање на атмосферски води.

Новата пешачка патека ќе биде поплочена и ќе бидат поставени седум канделабри од јавното улично осветлување за непречено движење на пешаците во ноќните часови. Освен комуналната, покривањето на оваа делница од „Желков дол“ ќе има и еколошка функција со што ќе се спречи фрлањето на отпад во коритото на долот а новата пешачка патека ќе им овозможи на граѓаните значително скратување на патот и побезбедно движење помеѓу овие две улици. Ми.М.