Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска на средба со прилепските угостители и градоначалникот Илија Јованоски.

На средбата стана збор за новиот принцип на работа од страна на УЈП, при што инспекторите за време на редовните контроли, наместо казни, најпрво да ја користат опомената како средство за подобрување на фискалното работење на угостителските објекти, колонијалите и другите даночни обврзници.

– Се надеваме на одлична комуникација и соработка со нив, затоа што пред сè сакаме да градиме партнерски однос со секој даночен обврзник, а угостителите се исто така многу битна целна група. Заеднички да се бориме против сивата економија и заедно да ги разгледаме предностите и слабостите на Управата за јавни приходи. Разговараме и за новините во Законот за готовински плаќања како и за предностите од ублажувањето на казнената политика која е детерминирана во новиот Закон за прекршоци. Секако дека ги слушнавме и впечатоците од проектот „Мој ДДВ“, да видиме дали навистина граѓаните сè повеќе бараат да им се издаваат фискални сметки, а врз основа на тоа да се заштитиме од нивното сторнирање. За пофалба е тоа што веќе надминавме 10 милиони скенирани сметки преку проектот „Мој ДДВ“ и тоа што преку 85.000.000 денари ќе завршат во џебот на граѓаните, токму преку оваа мерка – рече Лукаревска.

На средбата со угостителите, сите присутни заеднички се согласија дека е најбитно да се гради партнерски, а не репресивен однос со даночните обврзници.

Ка.М.