Во рамкит на серијата средби со цел нацрт верзијата на „Националната стратегија за развој на концептот на едно општетсво и интеркултурализмот во Република Македонија“ да се подобри вчера во Кавадаци се одржа расправа на која говореа: Јована Тренчевска –државен секретар на МТСП, Аднан Џаферовски-директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Александар Кржаловски од МЦМС и Љупчо Бубо Каров – медиумски работник.

За Алаѓозовски ова е прва сеопфатна меѓуресорска стратегија која треба да направи промена во нашето општество во делот на поделеноста која се гледа и во овој момент кога ја славиме големата победа на „Вардар“.

-Она што го констатираа сите релевантни институции и меѓународни, и она што го знаеме и секојдневно го доживуваме дека сме едно поделено општество, партсики, етнички, родово и по разни видови на определеност. Оваа стратегија во седум области како што се медиумите, културата, образованието, младината и така натаму во правната рамка на државата ќе се обиде да ги намали поделбите и да создаде услови за благосостојба на нашите граѓани во делот на подобар пристап кон она што го нарекуваме еднакви можности на сите без разлика на нивните различности. Идејата е дека во оваа општество различностите ги почитуваме. Мислиме дека со придонесот на граѓанските организации и другите лица по градовите, ќе ни помогне да добиеме многу корисни забелешки кои во финалната верзија на стратегијата ќе бидат вклучени- изјави претседателот на координативното тело за изготвување на националната стратегија Роберт Алаѓозовски.

Мирјана Мукаетова