Со паролите „Битола, македонски Чернобил“, „Сите ќе умреме“, „Ако стоиш на гла убо се дише“, „27 години чекаме“, битолчани синоќа на протестите пред општинската зграда и Народниот театар, каде се одржуваше свечена седница по повод „Св. Нектариј“, заштитникот на Битола, го изразија својот револт од прекумерниот загаден воздух, кој во последните денови го дишат.

На протетсот битолчани упатија остри критики кон локалната самоуправа и градоначалничката Наташа Петровска, која, според протестирачите, не презема ништо за почист воздух.

Битолчани се заканија дека постојано ќе протестираат доколку не се преземат итни мерки за почист воздух во градот.

Општината Битола, пак, денеска до јавноста ги пласираше фотографиите од синоќешните штети што ги предизвикаа битолчани, кои протестираа пред општинската зграда.
Според фотографиите може да се забележи дека оштетени се неколку прозорци, како и врати од зградата на општината.


Дел од протестантите, кои протестираа пред општината Битола фрлаа со јајца и камења кон општинската зграда.
По протестите градоначалничката Наташа Петровска доцна синоќа се обрати до битолската јавност со апел да не се прават штети и да не се злоупотребува загаденоста на воздухот за политички цели.
М.М.