Фото: Зоран Антоски

Долгоочекуваната промоција на новото пијано што беше планирано да се одржи на вечерашниот концерт во Центарот за култура – Кичево во 20 часот нема да се одржи, а причина е сѐ полошата состојба во градот со ковид-19, како и на сугестија на инспектори од МВР, кои посочија дека сѐ уште не е дојдено времето да се одржи концерт во затворен простор. Токму затоа Трио Коцерт на кичевска сцена ќе се претстави во некоја друга прилика.

– Иако сите со нетрпение го очекувавме вечерашниот концерт на Трио Концерт  и официјалната промоција на новото пијано, кое е подарок од наши печалбари во САД, сепак поради неповолната безбедносна состојба во градот со коронавирусот, нема да се одржи. 

По сугестија на инспекторите, кои, и покрај безбедносните мерки преземени од наша страна, од мерење температура на влез до намалениот капацитет и без физичка близина на присутните, сугерираа концертот во салата да се одложи и да се одржи кога условите ќе се подобрат -истакна Маја Николоска –Сиљаноска.